Министерката за образование и наука Мила Царовска поради контакт со позитивно лице е во изолација, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
Поради тоа, на утрешната јавна дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, наместо министерката Царовска ќе учествува претставник од МОН.