Повеќе од 20 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање, откако вчера беше пуштена во употреба веб-страницата „вакцинација.мк“, истакна Жаклина Чагоровска од електронскиот систем „Мој термин“, во емисијата „Студио 10“ на „ТВ24“. Таа додаде дека допрва треба да се анализираат податоците, како и оти засега има триесетина пунктови за вакцинација.
Чагоровска објасни дека системот бил тестиран пред да биде пуштен во употреба, но оти дошло до потешкотиите при отворањето на веб-страницата поради преголема заинтересираност на граѓаните. Таа додаде и дека се надева на наскоро решавање на проблемот.