Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, реши дека да поднесе оставка од функцијата главен извршен директор на „Амазон“. Тој ќе ја предаде функцијата на Енди Џеси, неговиот долгогодишен шеф на „Амазон веб сервисес“, брзорастечки оддел кој речиси самостојно го смени начинот на кој компаниите купуваат технологија што ги напојува нивните деловни активности, пренесува „Блумберг“.
Џеси е првиот асистент на Безос, односно неговата сенка, која целосно ја наследи оперативната филозофија на Безос и долгогодишните идеи за опсесија кон клиентите, долгорочното размислување и потребата од постојана самоконтрола и промена.
Со овој чекор доаѓа своевиден делумен крај на една од најпознатите кариери во модерната деловна историја. Сепак, потегот на Безос е природен, па дури и неизбежен. Одлуката да се повлече одразува и непријатна реалност за Безос.
Ѕидовите на неговата империја како да се распаѓаат веќе некое време. Станува сè потешко да се биде Џеф Безос, (барем според неговите стандарди). Тој не само што го поседува „Амазон“, туку го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари, учествува во неколку филантропски компании, вклучувајќи ја и компанијата за вселенски истражувања „Блу ориџин“, која значително заостанува многу зад нејзиниот главен ривал, „Спејс екс“ на Илон Маск.
Неговата сопственост на „Вашингтон пост“ постојано го лутеше поранешниот американски претседател на САД, Доналд Трамп, и несомнено го оневозможи „Амазон“ да го добие договорот за компјутерската мрежа „Џедај“ во висина од 10 милијарди долари, што Министерството за одбрана контролирано му го додели на „Мајкрософт“. Потоа, кога Безос отпатува во Индија на почетокот на 2020 година, премиерот Нарендра Моди одби да се сретне со него, а висок претставник го критикуваше известувањето за земјата од страна на „Вашингтон пост“.
„Блу Ориџин“ е две години постара од „Спејс екс“, но нема голема понуда, иако Безос секоја година продаваше акции од „Амазон“ во висина од еден милион долари. Во јануари, „Блу Ориџин“ успешно ја лансираше ракетата „Њу шепард“, што е предвидено носи туристи до работ на атмосферата на Земјата, а се надева дека ќе лансира мисија со луѓе налето.
Да биде неговиот живот уште поинтересен, илјадници вработени во „Амазон“ излегоа на протести поради пред големиот број домови поседувани од Безос, а пред имотот во Вашингтон тие дури поставија и мала гилотина. Токму поради ова, кога Безос и неговата партнерка Лорен Санчез, минатата година започнаа да ги проучуваат климатските филантропски организации со цел да започнат со давање грантови за „Земјиниот фонд“, барем некои од организациите беа скептични и се двоумеа дали да ја прифатат великодушноста на Безос.
Сепак, со неговото напуштање на позицијата, Безос сака да го поминува времето и да се фокусира на констуирањето ракети. Во електронска порака испратена вчера до вработените во „Амазон“, Безос рече дека повлекувањето ќе му даде повеќе време да се фокусира на неговите „други страсти“, што нормално го вклучува и „Блу ориџин“.
– Никогаш не сум имал повеќе енергија и тука не станува збор за пензионирање – стои во пораката напишана од Безос.
Ова е несомнено голема утеха за инвеститорите, кои го изразија своето задоволство од уредната транзиција во компанијата, спротивставувајќи се на паничната распродажба и одржувајќи ги акциите на „Амазон“ релативно рамномерно во продолженото тргување. Ако тие нешто научиле за Безос во последните 25 години, тоа е да веруваат дека тој точно знае низ која врата да помине во вистинското време.