Европската унија ги заостри ограничувачките мерки за влез во земјите на Унијата за патниците кои доаѓаат од земји кои не се членки.
Како што е наведено во одлуката на ЕУ, слободен влез ќе биде дозволен само од земји со многу малку случаи на коронавирус и скоро ниту еден случај од новите варијанти, односно соеви.
– Официјални претставници на ЕУ се состанаа во Брисел за новата мерка за патување од земји кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија – изјави дипломат на ЕУ за „Ројтерс“.
Според препораката за несуштинско патување, земјите од ЕУ се охрабруваат да дозволат неограничен пристап само под строги критериуми, како што е задолжителен карантин.
Ќе им биде дозволен влез на патници од земји што не надминуваат 25 случаи на ковид-19 на 100.000 луѓе за 14 дена, што е пониска стапка на инфекција отколку во сите земји на ЕУ.
Договорот ги опфаќа несуштинските патувања и служи како упатство за земјите од ЕУ, кои го имаат последниот збор за нивната гранична политика.