Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го потпиша указот за прогласување на законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од црногорскиот парламент.
– Ги потпишав указите за прогласување закони откако парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука остануваат – објави Ѓукановиќ на Твитер.
Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека нема простор за поинакво уставно постапување.