Османи – Ѓукановиќ
Во продолжение на својата официјална посета на Подгорица и состанокот со својот црногорски колега, Ѓорѓе Радуловиќ, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на црногорскиот парламент, Алекса Бечиќ, претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ и заменик-претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
– На средбите беа нагласени блиските и партнерски односи меѓу двете земји, за кои беше потенцирано дека се безотворени прашања. Овие политички односи треба да бидат поттик за богата и плодна економска соработка,за што постои интерес и потреба, беше подвлечено од страна соговорниците. Акцент беше ставен и на соработката на двете земји сојузници во рамките на евро-атлантските механизми за соработка и особено во процесот на интеграцијата во Европската унија – соопшти МНР.
Османи рекол дека двете држави се залагаат за една заедничка цел, а тоа е вложување на посебни напори за брза имплементација на потребните реформи на патот на целосната интеграција во Унијата.
– На тој пат, би сакал да ја истакнам важната соработка со Црна Гора и посебно да изразам огромна благодарност за нејзината цврста и безрезервна поддршка за нашите стратешки цели и определби“, нагласил министерот Османи, посочувајќи дека членството на Северна Македонија и Црна Гора во Европската Унија ќе значи отворање на нови перспективи за нашите земји и граѓани, како и консолидирање на европската перспектива на целиот регион.