Вчера во временскиот период од 16 до 23 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на Бит Пазар, Сарај и Аеродром, каде објектите се затворени, а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.
Па така вчера во 18:20 часот во објект на улица Отокар Кершовани, сопственост на А.Ш., затекнати се гости, по што објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ. Во ресторан во село Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.
Во 19 часот во угостителски објект на улица Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на инспекторатот, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.