Животни

Куќните миленици, особено мачките, неретко си играат со украси, буткаат нешто од новогодишната елка или се заплеткуваат во светилките. Ветеринарите предупредуваат дека некои од украсите се доста опасни и дека треба да ги заштитиме милениците за време на празниците. Според нив, имелата е особено штетна за животните ако изедат парче од неа бидејќи може да предизвика разни проблеми. Од друга страна, божиќната ѕвезда не е токсична, но и неа би требало да ја тргнеме на страна.

– Најдобро е сите украси да бидат надвор од дометот на вашите миленици – вели доктор Даглас Крат, претседател на американското ветеринарно медицинско здружение.

Пред да внесете билки во вашиот дом, украси, светилки или слатки осигурете се дека ќе бидат безбедни за вашите миленици. Една од работите за кои се предупредува дека се опасни е снегот во спреј, кој се користи за украсување на елката.