Рајан Каџи од сојузната американска држава Тексас е деветгодишното момче кое заработи речиси 30 милиони долари годинава со отпакување и рецензирање на играчки и игри, што го направи најплатен јутубер трета година едноподруго.
Од својот јутјуб-канал „Светот на Рајан“, Каџи заработи 29,5 милиони долари, како и уште 200 милиони долари од брендирани играчки и облека. Тој потпишал договор за сопствена ТВ-серија на детскиот канал „Никелодеон“, чија вредност не е позната.
Каџи првпат почнал да објавува видеа на Јутуб во март 2015 година и неговото семејство денес има девет канали. Од нив најпопуларен е „Светот на Рајан“, кој има 41,7 милиони претплатници и вкупно 12,2 милијарди прегледи.
Според „Форбс“ десетте најплатени јутјубери за оваа година заработиле вкупно 211 милиони долари. На второто место е дваесет и двегодишниот Џими Доналдсон познат како „Мистер Бист“, од американската сојузна држава Канзас со заработка од 24 милиони долари, а на седмото место е шестгодишната Настја од Русија со заработени 18,5 милиони долари. Таа има 191 милион претплатници на својот канал, на кој со татко ѝ се играат со лего коцки и даваат објаснувања за разни теми.