Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“.
Таа вели дека секогаш може да се бара повеќе од еден договор. Но, проблемот, според неа, е во тоа што довербата е веќе на многу ниско ниво. Захариева тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.
– Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на РС Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател Стево Пендаровски многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите“, вели таа. Захариева додава дека „пропагандата во РС Македонија има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство.
Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите – смета Захариева.
Сепак, таа признава дека позицијата не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја објаснат. Но, додава Захариева, тоа не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.
– За да се решат проблемите со РС Македонија, треба да се намалат емоциите. Со емоции и разговори преку медиумите тоа нема да се случи. Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја вршат својата работа без политички притисок – вели таа.
Во статис објавен на социјалната мрежа Фејсбук таа дообјаснува: „Очекувањата во РС Македонија дека некој ќе изврши притисок врз нас и ќе го заборавиме спроведувањето на Договорот за добрососедство и одлуката на нашиот парламент не се реални. Им кажавме: Не сметајте на тоа, ние не работиме така во ЕУ“.