Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, соопшти Здравко Јосифовски од НУК на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство.
– Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено за понатамошна дискусија, туку сите барања, претпоставувам дека беа отфрлени ад хок, затоа што решението за ограничувањето на угостителските објекти беше донесено пред време – истакна Јосифовски.
Тој додаде дека угостителите ги почитуваат одлуките и препораките, но и оти Владата треба да размислува на кој начин и дали ќе ги надомести штетите што ќе резултираат од овие ограничувања на угостителски објекти.