Диего Армандо Марадона ги изоставил поранешната сопруга и ќерките од тестаментот, додека „Ла Република“ пренесува дека познатиот фудбалер има дури 11 непризнати деца.
Марадона почина на 61 година на 25 ноември од срцев удар. Неговиот тестамент сега е во центарот на вниманието.
Пред неколку години, Марадона рече дека сè ќе донира во добротворни цели, но тоа нема да се случи.
Тестаментот е тежок повеќе од 100 милиони евра. Тој има банкарски сметки во Монако, Дубаи, Синалоа, Минск и Хавана.
Поседува голем број имоти и дури по неговата смрт беше откриено дека има вила во Буенос Аирес за која знаеја само три лица – неговиот најдобар пријател, неговата поранешна сопруга и неговиот син.
Покрај недвижен имот и пари, Марадона има и некои работи кои имаат повеќе сентиментална вредност. Станува збор за златна топка добиена од ФИФА, писмо од Фидел Кастро, црвена маица од Уго Чавез, гитара од аргентинскиот кантавтор Андреас Каламар и многу дресови на разни фудбалери кои ги разменуваше за време на натпреварите, а подоцна и надвор од теренот.
Марадона официјално има пет деца, но аргентинските медиуми јавуваат дека има уште 11, кои не ги признал.
Тој нема да остави ништо на неговата поранешна сопруга и ќерките и сè ќе му остави на неговиот син Диегито, роден во 2007 година.
Другите непризнаени деца ќе направат ДНК-тест и заедно со ќерките ќе се борат за дел од наследството, доколку се покаже дека тие се деца на Марадона.
Распределбата на она што Марадона го остави во својот тестамент ќе трае со години, според „Ла Република“.