Денеска во Кристалната сала на Собранието, ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија.

Наградата се доделува на лица кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2020 година се проф. д-р Џеват Лоши, албанолог и акад. Али Алиу, книжевен критичар.