Намалена процената за економски пораст во Германија во 2021-та
Советот на економски советници на германската влада ја ублажи процената на падот на најголемата европска економија за оваа година, но поради вториот бран од пандемијата предвидува и послаб пораст во 2021 година, за разлика од предвидувањата што ги даваше летоска.
Според новите процени, економијата би требало да падне 5,5 отсто, во споредба со 6,9-отстотниот пад прогнозиран во јуни.
Тоа би значело дека пандемијата ќе предизвика многу помали штети во економијата отколку глобалната финансиска криза во 2009 година, кога активностите во германската економија се намалиле 5,6 отсто.
Сега се очекува во 2021 година послаб пораст на БДП за 3,7 отсто, со што јунската процена е намалена за 1,2-отстотни бодови.
Американскиот разгранок ги катапултира тримесечните приходи и добивката на ДТ
„Дојче телеком“ информира за силен скок на добивката и на приходите во третото тримесечје благодарение на добрите резултати на американскиот разгранок „Т-мобајл“, по преземањето на конкурентскиот „Спринт“. Приходите им скокнале за третина, на 26,4 милијарди евра.
Приспособената добивка пред каматите, данокот на депрецијација и амортизација (ЕБИТДА), без трошоците за наемнина, е зголемена е 50 отсто, на 9,7 милијарди евра.
Кога ќе се исклучат промените во состав на групата и влијанието на валутните курсеви, приходите се зголемени за два отсто, а добивката за десет отсто.
Нето-добивката потона 40,3 отсто, на 800 милиони евра, поради отпишувањето во одделот за системски решенија поврзани со негативното влијание на пандемијата на коронавирусот. Групацијата сега очекува послаби резултати во тој дел на работењето во краткорочна и среднорочна перспектива.