Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 23 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 327, од кои 288 се наоѓаат на домашно, а 39 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 612 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1114.
Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 52 лица.
Ка.М.