Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд, информира УХМР.
Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а дневната од 20 до 25 степени.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачно, а во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу 10, а дневната ќе достигне 24 степени.
Во вторник претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Од понеделник вечер па до вторник напладне се очекува на повеќе места да наврнат од 30 до 40 л/м2 дожд. Во вторник ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.