Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека донел одлука Ана Брнабиќ да биде мандатар за состав на новата Влада на Србија.
– Не можам да и замерам за ништо крупно, а за ситно можам, иако повеќе можам да си замерам на себе, така што не е фер да си простам себе си, а не и на другите – рече тој, додавајќи дека водела дисциплинирана и одговорна политика, не им се додворувала на странските центри на моќ, ниту на никого во земјата.
Тој истакна дека е важно што претходните избори поминале мирно.
– Многу е важно што изборите беа мирни, без никакви инциденти и важно е граѓаните на Србија да покажат колку ја почитуваат демократијата и изборите – рече Вучиќ.
Тој додаде дека одѕивот бил поголем отколку во многу други земји.
„Успеавме да ја направиме земјата, која отсекогаш беше меѓу последните кога станува збор за економски напредок, да биде меѓу првите – рече Вучиќ, додавајќи дека тоа е напорна работа.
Тој ги соопшти новите цели на Владата.
– Новата влада ќе има за цел да ја подигне економската моќ на Србија – животниот стандард на обичните луѓе мора да продолжи да расте, иако тоа е невозможно во која било друга земја за време на короната. Потоа, понатамошна изградба на патишта и железници, што е веќе договорено. Работиме и на нови проекти, на кои ние, како држава, ќе започнеме жестоко. И третата цел е зајакнување на здравствената моќ на Србија – рече тој, додавајќи дека мора да ги зајакнат армијата и полицијата.