ВМРО-ДПМНЕ за в сабота во 18.30 часот најавува протест пред Министерството за правда, преку улица Македонија до Основното јавно обвинителство против неправди, реваншизам и политичко насилство.
Според ВМРО-ДПМНЕ, оние судии и обвинители кои работат по директивата на Зоран Заев потоа се унапредуваат и наградуваат.
– Доаѓа време кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.