Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не донела одлука дали целодневниот престој за децата кои физички ќе посетуваат настава ќе профункционира во основните училишта. Комисијата очекува од Министерството за образование податоци за бројот на децата кои родителите ќе ги пријават за целодневен престој, освен настава со физичко присуство, за потоа да донесе одлука. Ова го објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на изјавата на д-р Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести, дадена за МИА.
– Ова прашање сè уште не решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука – кажа Стојанов.