Објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе денеска не беше отворен за прием и згрижување на деца.
Според информациите, се чека да се направи тестирање за ковид-19 на вработена која имала симптоми на коронавирус, по што ќе биде извесно кога градинката ќе биде отворена.
За ситуацијата се информирани родителите на 110 деца кои денеска требаше да бидат згрижени во оваа градинка.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во останатите детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба.
Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само објектот во Свети Николе денеска остана затворен.