ФУДБАЛ – ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛИГА ЕВРОПА

Динамо Загреб, за кој настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, во 3-то коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите (ЛШ) треба да игра на гости со Ференцварош, а победникот на тој дуел би се пласирал во плејофот, каде што би играл со подобриот во дуелот Карабах – Молде, реши ждрепката влечена во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА).
Вчера беше влечена и ждрепката на двојките за 3-то коло од квалификациите за пласман во Лига Европа (ЛЕ). Шкендија во второто коло гостува во Романија кај Ботошани, во третото победникот би играл дома со подобриот на средбата Локомотив Пловдив – Тотенхем.
Ренова во втората рунда дома игра со Хајдук Сплит, а во третата победникот на тој меч би играл на гости со победникот на средбата Нефчи – Галатасарај.
Силекс во второто коло за пласман во ЛЕ дома треба да игра со Дрита, а победникот на тој дуел во третото коло ќе игра на гости кај Легија во Варшава.


ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФОТ ЗА ПЛАСМАН ВО ЛШ

Карабах/Молде – Ференцварош/Динамо З
Олимпијакос – Омонија/Црвена звезда
Салцбург – Макаби ТА/Динамо Бр.
Славија – Митјиланд/Јанг бојс