Неколку лица се повредени синоќа во Подгорица во судир помеѓу приврзаниците на Демократската партија на социјалистите и на опозициската коалиција синоќа, пренесуваат медиумите.
Како што се наведува, за време на пресметката помеѓу двете групи летале камења. Полицијата спречила потежок инцидент, разделувајќи ги двете групи.
Според информациите од медиумите, приврзаниците на власта славеле во „Штрафта“, кога наишла група на опозициски приврзаници, пренесува „Вијести“.
Од Управата на полицијата неофицијално соопштиле дека приврзаниците на опозицијата нападнале гости во локал.
Полицијата спречила колона на приврзаници на опозициските партии кои не дозволувале премин.
Како што наведуваат медиумите, едно лице е повредено кое останало да лежи на улица. На местото на настанот пристигнале две екипи на Итната медицинска помош.
Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Попдгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори. Во повеќе градови се одржаа собирии литии поради контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.