Поради менување на вентилот на главната водоводна цевка од страна на компанијата „Малихидро“, Кичево и блиските села утре ќе останат без вода за пиење 12 часа, поточно од 7 до 17 часот. Токму од овие причини на жителите од овој регион им се препорачува навремено да се снабдат со вода за пиење и за домашни потреби.

-Во текот на утрешниот ден Кичево и соседните села кои со вода за пиење се снабдуваат од изворот Студенчица, или околу 40 000 жители од регионот, во периодот од 7 до 17 часот ќе останат без вода за пиење. Причина за немањето на вода ќе биде зафатот што ќе се изведе на главниот водоводен вентол на магистралната цевка кај село Другово. Оваа операција ќе ја изведе компанијата „Малихидро“ од Скопје. Поради овој зафат се молат граѓаните од овој регион, навремено да се снабдат со вода за пиење и за други потреби. Нашата компанија овој зафат ќе го искористи за одстранување на дефектите во водоводната мрежа кај Жито Караорман и кај Здружение на возачи, за да нема потреба и во други денови граѓаните да останат без вода за пиење-информира Рајна Алексоска од ЈКП „Комуналец“ од Кичево. Покрај Кичево без вода ќе останат и селата од блиската околина на градот, кои се приклучени на истата водоводна мрежа.

З.А.