Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев на ироничен начин, од собраниската говорница го образложи предлог текстот за собранискиот спикер Џафери, кој го нарече празна пофалба без аргументи. Тој рече дека никаде во светот нема поколоритно Собрание од македонското и дека фали единствено знамето на САД, „за да се знае кој нè води“.
– Ние сме една од 30-те членки на НАТО каде во уставите се вели дека суверенитетот доаѓа од граѓаниите, не од Кале. Треба да додадеме и едно американско знаме да се знае кој ја води Македонија, да го направиме да биде уште поколиритно – рече Апасиев.
Единствен аргумент како што рече Апасиев зошто би гласал за Џафери е дека бил подобар правник од претседателот Стево Пендаровски, споредувајќи го со Че Гевара.
– Ми велат на улица сум личел на Че Гевара, затоа што сум носел таква брада и облека, но јас би рекол дека Талат е нашиот Че, од герила директно во Влада, по што му зема службен меч на Пендаровски со 3-0. Рече не може да се свика Собрание, без спикер. Ова мора да му се честира. Веројатно бидејќи е воено лице има подобри советници од Пендаровски – рече Апасиев.
Тој рече дека му замерува на Џафери што фрлал амандмани на опозицијата, што не се потпишувал на документите со кирилица каде што стоело дека треба кирилично писмо и што не се обратил ниту еднаш на македонски јазик.