Главниот тренер на тајландскиот фудбалски тим, утрото на 23 јуни го поминал подготвувајќи го својот помлад асистент за важната задача, сам да се грижи за децата.
Нопарат Кантавонг, 37- годишниот тренер на фудбалскиот клуб „Му-Па“-диви свињи, имал закажано состанок тоа утро. Екапол Чантавонг, неговиот асистент, требало децата да ги однесе на фудбалското игралиште што се наоѓа на планина.
-Труди се да возиш со велосипедот позади нив, додека патувате, за имаш увид врз целата група- му напишал во пораката на Фејсбук. Потенцирајќи му да се чува.
Неколку часа подоцна, се случиле низа драматични настани. Групата беше заглавена во пештера во Тајланд. После 9 дена, децата заедно со тренерот беа пронајдени живи, но пештерата е преполна со вода и се уште се вложуваат напори за спасување на децата.
Екипата за спасување на децата брои илјадници нуркачи, инженери, воени лица и волонтери од целиот свет, вклучувајќи го и Илон Маск, милионер кој изградил специјална подморница.
Многумина го обвинуваат тренерот дека требало да знае за ризикот при влез во пештерата пред сезоната на монсуните. Требало да претпостави.
Но, за многумина во Тајланд, Екапол кој пред три години го напуштил монашкиот живот и се придружил на „ Дивите свињи“, како помошен тренер, натприродна сила го испратила да ги заштити децата додека поминуваат низ оваа тешкотија.
Според официјалните информации, тој е меѓу најслабите во групата затоа што на момчињата им ја дели целата храна. Тој ги учел децата како да медитираат и да ја зачуваат својата енергија додека не ги пронајдат.
-Да не беше со нив, кој знае што ќе се случеше со моето дете? – рекла една од мајките на децата во пештерата.
Екапол е сираче кој ги изгубил родителите на 10 години, велат неговите пријатели. После тоа сакал да биде монах, но го напуштил манастирот за да се грижи за својата болна баба. Децата го потсетувале на него, бидејќи повеќето растеле во сиромаштија или припаѓаат на етничкото малцинство без државјанство, што на некој начин е секојдневие во граничната област меѓу Мјенмар и Тајланд.
-Ги сака децата повеќе од себе. Тој не пие и не пуши. Се грижеше за себе и ги учеше децата на истото- рекол Џој Кампаи, негов долгогодишен пријател.
Му помагаше на Нопарат, главниот тренер, да осмисли систем со кој страста која ја имаат децата кон фудбалот ќе се искористи да се мотивираат да се истакнат во академска смисла. Кога ќе добиеле добри оценки во училиште, тие веднаш биле наградувани со фудбалска опрема. Тие двајца сакале на децата да им докажат дека можат да станат нешто многу повеќе – дури и професионални спортисти.
Тој секогаш ги носел децата на тренинг и кога родителите на децата не можеле да ги земат, ги вракал дома. Преземал одговорност за децата како да се негови.