Во утринските часови на 13 август, во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата Македонски бранители во прилепското село Бела Црква, починал 64-годишен прилепчанец додека извршувал работни задачи.
Вработениот во приватна фирма тешко се повредил и починал на самото место.
Увид извршиле полициска екипа и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.