Главната ривалка на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на претседателските избори, Светлана Тихановскаја е во Литванија. Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичијус потврди дека таа е на безбедно.
Новите демонстрации против резултатите на претседателските избори во Белорусија, кои беа организирани и синоќа, полицијата насила ги растури, како и во неделата вечерта, со користење на солзавец и гумени куршуми.
Маса огорчени граѓани, извикуваа „срамота“ и „да живее Белорусија“.
Полицијата потврдила за ТАС С дека уапсила демонстранти и уверувала дека ситуацијата е под контрола, но според наводите на руските и белоруските медиуми, апсења има и во другите градови.
„Ројтерс“ пренесува дека соработниците на Светлана Тихановскаја не успеале да стапат во телефонски контакт со неа откако ја напуштила зградата на изборната комисија и изјавила дека се смета за победник на претседателските избори.