Квантитетот на информациите што секојдневно стигнуваат до нас придонесува за сè потешко распознавање и правење разлика помеѓу вистинските и лажните вести, како и за веродостојноста на изворите и медиумите што ги нудат овие вести. ГРИД (GRID) претставува модерна и иновативна алатка со која читателите сами можат лесно да ја воочат разликата меѓу лагата и вистината што се пласира во медиумската сфера, oвозможувајќи целосен пристап до вести засновани на проверени факти.
Апликацијата претставува вистински новитет на македонскиот пазар што ги зема предвид вашите преференции во поглед на тоа какви вести сакате да читате. Апликацијата преку едноставен дизајн и одличен интерфејс ви овозможува да ги следите вестите преку неколку категории – Вести, Забава, Спорт, Твитер, Најнови, Мои вести и Бум мени.
Она што претставува вистинска предност е можноста сами да изберете од кои медиуми ќе ги добивате вашите вести или, пак, сами да направите категории вести по ваша желба. Така, корисникот добива вести што сака да ги чита, со што заштедува време и се заштитува од непотребниот шум на информации што доаѓаат до него.
Едноставна за користење, ГРИД-апликацијата е направена за сите оние што сакаат постојано да бидат во тек со информациите и притоа да се сигурни дека добиваат квалитетни, проверени и веродостојни информации. Проверете ја и самите на Гугл плејстор (Google Playstore) или регистрирајте се да бидете првите што ќе ја добијат новата ИОС-верзија.