Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционална поставка која годинава се реализира по седми пат.
На изложбата ќе бидат изложени 62 фотографии од 57 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.
– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од ФККП.
Изложбата ќе се одржи според протоколите за одржување на културни настани – ќе можат во еден момент да присуствуваат до 20 посетители кои ќе носат маски, а претходно ќе им биде мерена температура и ќе ги дезинфицираат рацете. Ка.М.