Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија.
„Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’, Единствена Македонија и коалиција ‘Никогаш Северна, само Македонија’ и Демократи се завршени и изреките на одлуките со кои тужбите се одбиени се јавно соопштени во законски предвидениот рок“, велат од судот.
Претходно беа одбиени и сите тужби поднесени од Левица, Алијанса/Алтернатива, Интегра.
По изготвување на одлуките, тие јавно ќе бидат објавени на веб страната на Управниот суд.