Водачот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, ја посети новата фарма за пилиња, која се гради јужно од Пјонгјанг и се заложи за унапредување на таа, како што оцени, застарена стопанска гранка.
Севернокорејската официјална агенција КЦНА не прецизира кога Ким го посетил погонот во Хванџу, пренесува „Ројтерс“.
Ким изјави дека погонот, кој ќе произведува илјадници тони вкусно и квалитетно месо и десетици милиони вкусни и квалитетни јајца секоја година, ќе даде значаен придонес во диеталниот живот на граѓаните.
Овој објект, рече тој, ќе биде модел за модернизирање фарми за пилиња во целата земја, кои беа изградени пред повеќе од 20 години.