Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес-конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата.
– Победуваме убедливо во „шестката“, во многу од општините таму. Почнувајќи од Гостивар, Неготино, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, изедначено е во Теарце – рече Села.
Неговите очекувања се дека ќе победат и ќе влезат во преговорите за влада.
– Во Втората изборна единица водиме, мислам дека првпат го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција. Во Куманово убедливо победуваме и сме пред ДУИ и уште ги собираме резултатите – рече Села.