Француската полиција уапси маж, одговорен за тајни интернет-страници на тајни мрежи за педофилија што обезбедуваат порнографски видеа и фотографии на илјадници ширум светот.
Станува збор за четириесетгодишник кој од страна на обвинителите е опишан како „еден од 10-те најбарани“ од властите кои се борат со злосторства поврзани со педофилија низ целиот свет.
Француските медиуми пренесуваат дека тој ги признал обвиненијата.