Седум лица не го почитувале полицискиот час во Битола.
Според предлогот на ОЈО Битола обвинетите за време на полициски час биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш, или со возила без притоа да поседуваат дозвола за движење, стои во соопштението од ОЈО. Заради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби,а секоја дневна глоба е во износ од по 20 евра во денарска проиввредност.
М.М.