Од творештвото на Ванчо Полазаревски
Зеленикус,
специјалист по
скршеници на гранки
и на дрвца млади тенки,
вчера го излечи
своето стото дрво
и реши, како прво,
зелената гора
да слави мора
сѐ до рана зора.
На тој шумски бал
повикан е секој жител
и голем и мал.
Ќе се слави
заздравување
на оваа шума,
од кршења гранки
таа глупава чума.
И на тие што ќе дојдат
јасно треба да им биде,
нема кршење гранки
и дрвја да се крадат…
Имаат нос, уши, очи
нека гледаат и
со зеленило се сладат.
Илустрација: Алексеј Костовски