Агенцијата Асошиејтед прес соопшти дека нејзиниот новинар, албанскиот државјанин Неби Чена, бил спречен да известува за посетата на британскиот принц Вилијам во резиденцијата на израелскиот премиер откако израелски безбедносни агенти го испитувале за неговата верска и етничка припадност.
Чена, главен телевизиски продуцент на АП за Израел и палестинските територии бил задржан на влезот на резиденцијата 45 минути, поради што ја пропуштил средбата на Бенјамин Нетанјаху и принцот Вилијам, додека на другите новинари им било одзволено да влезат, пренесува Танјуг.
Тој тврди дека обезбедувањето неколкупати го прашувало за неговото „етничко потекло“.
Кабинетот на Нетанјаху подоцна се извини, наведувајќи дека станува збор за „човечка грешка“.