Економиите во Бразил, Индонезија, Индија, Русија и Турција се соочуваат со нова застрашувачка реалност, токму поради случувањата поврзани со коронавирусот. Дури и ако успеат да го избегнат вирусот, посиромашните нации ќе бидат тешко погодени од глобалниот економски пад што го предвидуваат сите монетарни меѓународни институции
Надежта и опасностите од нова финансиска криза поради пандемијата
Приказната за коронавирусот досега се раскажуваше претежно од гледна точка на богатите земји, но нејзините најостри ефекти веројатно ќе ги почувствуваат повеќето сиромашни држави во светот. Во април за една недела случаите во Африка се зголемија речиси за половина, додека бројките во Индија продолжуваат да никнуваат. Некои од најлошите епидемии во светот им се случуваат на нациите како во Бразил, Еквадор и Турција. Епицентарот на пандемијата може лесно да се врати во Азија или да се пресели напред кон Латинска Америка. Надвор од ваквата итна здравствена состојба, ни претстои катастрофална економска закана на светот. Единствено смелото дејствување на Сојузните финансиски резерви на САД засега го спречи она што речиси сигурно ќе беше вознемирувачка серија на финансиска криза на пазарите во развој, кои по март забележаа околу 83 милијарди долари капитален развој.
Длабоки промени
Но пандемијата сега се заканува со подлабока промена, промена што ќе им стави крај на идејата за пазарите во развој и крај на рапидно растечките сиромашни земји, кои досега беа во можност да направат брзи чекори кон сопствен развој, при што стануваа и рај за инвеститорите во целиот тој процес.
Сепак, остануваат и некои надежи дека овие посиромашни земји би можеле да организираат некакво чудесно колективно коронавирусно бегство од реалноста, но за тоа потоа. Официјалните податоци на Индија, иако се далеку од веродостојни, сугерираат нешто над 1.000 смртни случаи, мал број случаи во споредба со повеќето од 63.000 во САД. Исто така, Југоисточна Азија е погодена, но релативно благо. Спојката на теории, почнувајќи од раниот карантин до младата популација и топлото време, се обиде да ја објасни оваа еластичност таму.
За жал, досегашните ниски бројки на заразени може да се сведат единствено на слабото тестирање и големата среќа, феномен што веројатно нема да трае уште многу. Дури и ако успеат да го избегнат вирусот, посиромашните нации ќе бидат тешко погодени од глобалниот пад на економиите.
Светската програма за храна при ООН неодамна предупреди дека повеќе од 30 сиромашни земји, најмногу од нив во Африка, биле на работ на глад, додека Меѓународниот комитет за спасување предвиде дури 1 милијарда инфекции во погодените држави со внатрешни конфликти.
Најновата проекција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сугерира дека само еден процент од економиите во развој оваа година ќе склучат инвестициски договори во своите земји. Ова бројка сепак изгледа многу подобро од предвидениот пад од 6 проценти на инвестициите во побогатите земји.
Но речиси сигурно, исто така, се маскира вистинската мерка на економско забавување, бидејќи групата на развој на пазарот ја вклучува и Кина, чија гигантска економија треба да закрепне релативно брзо.
Пад на глобалната побарувачка
Сликата на преостанатите места низ светот исто така изгледа ужасно. Извозниците на стоки се погодени од пропаѓањето на глобалната побарувачка. Во исто време, оние што се потпираа на туризмот, исто така страдаат. Дознаките од странство се намалуваат. Во таа насока, економиите во Латинска Америка изгледаат особено кревко. Соработката во размени меѓу Бразил, Русија и Јужна Африка, кои до неодамна се изјаснуваа како дел од групата на „суперѕвезди од БРИКС“, ќе се намали за 5 проценти или нешто повеќе веќе годинава. Сепак, послаби бројки веројатно ќе има доколку и понатаму остане да се шири епидемијата, што, пак, може и дополнително да ги поткопа и така слабо надежните проекции на ММФ за раст на светската економија во 2021 година.
Уште полошо, речиси ниеден пазар во развој нема ресурси да го финансира нивото на итна фискална поддршка, како што се гаранциите за приход и грантовите за малите бизниси, што досега го сторија единствено земјите како САД и Велика Британија.
Во исто време некои од економиите во развој можеби ќе ги намалат трошоците во другите области, како што направи Тајланд минатиот месец, кога одлучи да ги намали трошоците за одбраната.
Но, од друга страна, земјите како Индија или Индонезија имаат мал фискален простор за вакво маневрирање наспроти зголемувањето на трошењето како одговор на пандемијата во нивните земји.
Тие исто така не се во можност да го зголемат и задолжувањето од меѓународните институции, како што сторија некои од побогатите земји досега. Нивните централни банки не се во можност да ризикуваат на некаква авантуристичка монетарна политика, првенствено од страв дека нема да бидат дополнително вознемирени инвеститорите, притоа предизвикувајќи дополнителен пад на капиталот, но и евентуална амортизација на домашната валута.
На повидок нова криза
Во меѓувреме, додека глобалните тела преземаа некои активности, тие се далеку од доволни за да се спречи криза. ММФ обезбеди олеснувања на долгови за повеќе од дваесетина од најсиромашните земји-членки на организацијата. Групата на големите економии Г20 на средината на април објави дека ќе ги прекине исплатите на долгови до крајот на годината. Од друга страна, други тела, како Светската банка, исто така понудија помош. Но заедно ваквите мерки не се приближуваат до 250 илјади милијарди американски долари, кои Обединетите нации соопштија дека се потребни за да им помогнат на економиите во развој да се справат со кризата, цел што бара откажување на долговите и безусловна помош од поголеми размери.
Товарот на откажување на долговите мора да биде и поширок, не само на мултилатералните тела како ММФ и Светската банка. Индивидуалните земји мора да ги одиграат своите улоги, со посебен фокус на Кина, со оглед дека им позајми огромни суми на некои од економиите во развој, вклучувајќи ги тука и 150-те милијарди американски долари позајмени на Африка од 2000 година наваму. Но додека Кина периодов соопштуваше дека ќе понуди пауза во отплатата на долговите, засега откажувањата на ваквите активности сѐ уште се надвор од агендата.
Накратко сумирано, ова може да биде крајот на економиите во развој во смисла како што го има тоа запишано авторот Ручир Шарма во својата книга „Нови нации“ од 2012 година, кога посочи дека земјите како Индонезија, Филипини, Нигерија или Тајланд може да испорачаат привлечни магии за економско воздигнување. Со години по вирусот, речиси никаква економија или пазар во развој веројатно нема да произведе некаков вид одржлив раст од 7 или 8 проценти на БДП, како што во минатото ветуваа токму овие економии. Точно, некои од новите пазари може да пораснат блиску до оваа стапка следната година, како што ММФ единствено можеби се надева дека тоа ќе го оствари Кина, со раст на БДП од 9,2 проценти во 2021 година. Сепак, и таквиот раст на кинеската економија за следната година веројатно ќе биде под она што се очекуваше да го стори таа пред кризата со коронавирусот.
Претпазливост за подобра иднина
Но овие трендови треба да го алармираат и остатокот од светот, бидејќи „новите економии“ сочинуваа околу три петтини од глобалното производство во 1990 година. Тие генерално дејствуваа како одговорни засегнати страни во рамките на глобалниот систем, со оглед на тоа што многумина имаа корист од нивното работење. Тоа веќе не може да биде случај. Соочувајќи се со забавениот раст и лутото домашно население, сосема е легитимно земјите како Индија и Турција да покажат иста кисела националистичка пресметка почеста од Русија, бидејќи ќе се обидат да ги поткопаат постојните мултилатерални монетарни институции. Дури и ако не го сторат тоа, идејата дека земјите во развој ќе ја водат глобалната економија по сегашната моментална слабост изгледа неверојатно. По сѐ изгледа дека повеќето пациенти заразени од коронавирусот многу веројатно брзо ќе закрепнат, но економиите во развој нема да бидат толку среќни.