Христијанските верници во Битола во најголем број ги послушаа препораките на Министерството за здравство и Владата, за време на велигденските празници да нема масовни посети на црковните храмови.
Денеска во црквата „Св. Димитрија“ во Битола, која во минатото на денешен ден беше масовно посетена од верниицте, денеска на Велики петок беше буквално празна.
Во дворот на црквата можеа на прсти да се избројат неколкумина верници, кои палеа свеќи за здравје, а многу мал беше бројот и на верниците кои се причестуваа, како и на тие кои во црквата ја следеа црковната богослужба.


Очигледно дека препораките на надлежните државни институции стигнаа до верниците, кои овојпат беа крајно дисциплинирани и одлучија велигденските празници да ги поминат во своите домови со своите најмили.
М.М.