Хајко Мас

Германија и други побогати земји беа критикувани зашто забранија извоз на заштитна опрема, дури и кон другите членки на ЕУ. Хајко Мас, германски министер за надворешни работи, вели дека за него е соодветно што секоја членка прво дејствувала на национално ниво, за потоа да може да им помогне на другите. Ви пренесуваме извадоци од неговото интервју во „Шпигел“

ИНТЕРВЈУ СО ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Пандемијата ја опишавте како најголем предизвик од основањето на ЕУ. Дали коронавирусот ќе ја одлучи судбината на ЕУ?
– Во минатото, ЕУ честопати излегуваше од кризите посилна од претходно. За време на финансиската криза, се создадоа нови инструменти што го подобрија капацитетот на блокот за дејствување. Тоа мора да биде нашата цел и овој пат.
Посочивте дека во почетокот Европа не беше во можност да излезе со убедувачки одговори. Што не беше во ред?
– Беше над нашиот рационален и емотивен капацитет да сфатиме што би значела таквата пандемија за нашиот социјален и економски живот. Тоа е вистината. Затоа беше потребно извесно време националните и европските мерки да бидат усогласени едни со други.

Една од првите мерки во Германија беше да се забрани извозот на заштитна опрема, вклучувајќи и во земјите на ЕУ! Тоа многу личеше на политиката „Германија на прво место“. Што велат ваквите национални рефлекси за состојбата во ЕУ?
– Ништо. Сметам дека е соодветно дека секоја земја-членка прво да се фокусира на национално ниво. Тоа е како во авион, секој мора прво да ја постави својата маска пред да им помогне на другите. Ако не ги завршевме националните домашни задачи, немаше да можеме да поддржуваме никого надвор од нашата земја. Редоследот по кој постапувавме беше точен.

Италија пријави илјадници смртни случаи од коронавирусот. Зарем не е разбирливо дека напорите за помош во Германија се чинеа несоодветни?
– Италија страда незамисливо. Ова длабоко влијаеше врз нас Германците. Ние помогнавме таму каде што можеме и ќе продолжиме да го правиме тоа. Сега, ние се справуваме со прашањето како може земјата да ја преживее оваа криза економски. Ќе биде важно да се види како се чувствува финансиски поддржана Италија.

За да се ублажат последиците од кризата, Италија, Франција, Шпанија и други побараа да бидат издадени заеднички обврзници. Кои се основните аргументи против ваквите т.н. корона-обврзници?
– Фактот дека немаме мнозинство во ЕУ е еден аргумент против нив. Ова не се должи само на Германија туку и на другите влади. Во тековната криза, потребни ни се брзи одговори за кои може да се договорат во еврозоната. Јас и германскиот министер за финансии, затоа предложивме да спојуваме различни инструменти во една алатка: Европскиот систем на стабилизација (ЕСМ), Европската инвестициска банка, програмата ШУР и претстојниот буџет на ЕУ. Овие се исто така основните елементи на компромисот за кој сега се согласија министрите за финансии на ЕУ.

Со други зборови, сметате дека корона-обврзниците се вистинскиот инструмент, но не ја поддржувате идејата поради отпорот од германските конзервативци?
– Така е и не е така. На јужните Европејци брзо им треба конкретна и реална понуда што ќе им помогне економски. Тоа е единственото нешто што е важно сега.

Коронавирусот се заканува да стане геополитичка катастрофа за ЕУ. Српскиот претседател рече оти Европа е „убава бајка“ и дека Кина е единствената земја што дава вистинска помош. Како ќе се спротивставите на овој наратив?
– Мораме да возвратиме. Ова зависи од тоа како зборуваме за ЕУ. Ако, како во минатото, го обвинуваме Брисел за сè што не функционира, нема да имаме шанси против негативните наративи. За што се жалиме? Тогаш вината е наша. Мора да дејствуваме во кризата и да покажеме колку е вредна ЕУ за сите. Мора да преземеме мерки овие капацитети да функционираат, пред да почнеме да се занимаваме со дезинформации и наративи однадвор.

Русија и Кина почнаа да ја испорачуваат потребната помош наместо Европа.
– На втор поглед, сето тоа не се покажа корисно. Сепак, секоја помош што спасува животи е добредојдена. Добро е што соработуваме тесно со Кина во добивање заштитна облека и маски. И со други земји, исто така, патем. Но ако земјите испраќаат помош само за да го полираат својот меѓународен имиџ, тогаш тоа мора да биде разоткриено.

Пандемијата е прва глобална криза во која САД не ја играат улогата на водечка глобална сила и се целосно отсутни. Во минатото, тие го предводеа меѓународно управување со кризи. Дали сме сведоци на одлучувачки момент во долгорочно менување на власта?
– Оваа промена во моќта не е ништо ново. Независно од САД, сите западни демократии мора да имаат интерес да придонесат оваа промена да не добие нова брзина во кризата со коронавирусот.