Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани петмина оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

На оваа Клиника примени се четворица нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осуммина се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов четворица пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направен се 351 тест. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на ковид-19.