Олимпискиот пламен за игрите во Токио денеска беше повлечен од јавноста во Јапонија, поради пандемијата со коронавирус.
Пламенот пристигна во Јапонија на 26 март од Грција, а откако Олимписките игри во Токио беа одложени за следната година поради пандемијата, организаторите го изложија во Фукушима, каде требаше да биде до крајот на месецов.
Но, по воведувањето на вонредна состојба во Јапонија, пламенот беше повлечен од јавноста и не е познато дали повторно ќе бидe изложен и во какви околности.
– Пламенот ќе се чува на непозната локација за да се спречи луѓето да се собираат – се вели во изјавата на организаторот на Олимписките игри.
Пламенот накратко требаше да биде и во Токио, а потоа се очекува да биде преземен од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како симбол на борбата против пандемијата.
– Идејата е пламенот да се задржи да гори и да му го покажеме на светот. Тоа ќе биде голема инспирација и светлина во овие тешки моменти – рече поранешниот директор за маркетинг на МОК, Мајкл Пејн.
Пламенот се очекува да се врати во Јапонија следната година со олимписка штафета.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.