Во писмо до американските власти, претседателот Доналд Трамп вчера најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби, Мајкл Аткинсон.
Тој минатата есен го информираше Конгресот за обвиненијата на претседателските активности во Украина, што иницираше покревање на конгресна постапка за отповикување на Трамп.
Одлуката за разрешување на Аткинсон и именување на негов наследник на функцијата генерален инспектор на разузнавачките служби, е соопштена на властите во рамки на најавата за поставување нов советник во Белата куќа, задолжен за надѕор и управување со фондот од 500 милијарди долари помош за закрепнување на корпоративниот бизнис од последиците на пандемијата на коронавирус.
Освен што соопшти дека ја изгубил довербата во Аткинсон, Трамп не ја објаснил детално својата одлука, иако уште минатата есен им рекол на своите соработници дека смета оти генералниот инспектор не е „лојален соработник“, зошто на конгресмените им поделил информации за лично мотивираните активности на претседателот во Украина.
Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, еден претставник од администрацијата на Трамп, укажал дека судбината на Аткинсон била запечатена веднаш по завршувањето на постапката на конгресот за отповикување.