Бронзено ѕвоно тешко 500 килограми, било украдено од црквата Света Инес во градот Кумана, во Венецуела.
– Непознати лица влегле во црквата Света Инес, во самиот центар на главниот град на државата Сукре на североистокот од земјата и украле ѕвоно – се вели во обвинението.
Црквата, која била прогласена за национален споменик, изградена е помеѓу 1862 и 1866 година на темелите на црква од 18. век. Ѕвоното потекнува од оригиналната зграда и било изложено во дворот на камен под.
– Не можеме никако да сфатиме како успеале да го земат ѕвоното. Четири мажи не можат да го подигнат – изненаден е Орландо Рамос, член на палатата Свети Инес.
Сепак, не може да се каже дека оваа кражба на ѕвоно е изолиран случај во Венецуела. Невладината организација Центар предупредува дека исчезнувањето на статуи и бронзени плочи е посебно актуелно во последните неколку месеци во цела Венецуела, земја погодена од економската криза во која населението страда од недостиг на основни средства за егзистенција.
– Сведоци сме на процес на деградација на историското наследство во некои градови во Венецуела, каде што тоа наследство не е заштитено – велат од организацијата.