Според последните информации од Министерството за здравство, четири од новозаболените случаи од коронавирус се во Прилеп. Вкупната бројка на заболени со брачниот пар изнесува шест. 

Засега нема информации дали случаите на новозаболените се поврзани со претходните две лица, и дали ќе се проширува опсегот на лица кои дополнително ќе бидат тестирани. За тоа ќе се очекуваат информации од пресот на министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, во прилепската болница велат дека се преземени сите мерки пропишани од Министерството за здравство. Дополнително е ограничено движењето на пациентите, се примаат само итни случаи, се врши контрола на влезот, а сите здравствени работници се обезбедени со заштитни средства.

Полицискиот час од 21 до 05.00 часот наутро не го почитувале петмина прилепчани, информираат од СВР Битола, потенцирајќи дека против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Вчера полицијата поднела вкупно шест кривични пријави за непочитување на полицискиот час. Околу 200 лица се во самоизолација, а дел од нив се под здравствен надзор.

Ка.М.