Македонски концепт ја започнува втората хуманитарна активност „Солидарноста на дело“, во рамки на која ќе се посетат повеќе најзагрозени семејства низ државава, кои буквално немаат храна да преживеат, при што ќе им биде дониран пакет со основни прехранбени производи.
Тие пакети се набавени од лични средства на волонтерите од Македонски концепт.
– Нормално е сега да си помогнеме сите помеѓу себе. Да градиме солидарност, но не само на зборови, туку таа солидарност да ја покажеме на дело. Поради мерките за заштита од коронавирусот, семејствата ќе ги посетуваат мининален број на волонтери, потребни само за транспорт на хуманитарните пакети, без да се влегува во нивните домови и да се изложуваат на дополнителен ризик од меѓусебно заразување – велат од „Македонски концепт“.
Во првата хуманитарна активност, преку пренамена на средствата, наменети за промоција на нашите кандидати за пратеници, беа набавени и донирани над 5000 заштитни маски, 10.000 заштитни ракавици и 200 литри дезинтал, на ранливи категории на граѓани, здравствени и безбедносни инситуции.