Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 12 случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Куманово (8) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)