Бројот на заболени од коронавирус драстично се зголеми, па САД моментно се трети во светот по бројот на случаи на заразени со ковид-19.

Вчера биле регистрирани 2.411 нови случаи, а вкупно заболени се 46.154 лица. Бројот на починати се зголемил за 29 за еден ден.

Според бројките, САД ја надмина Шпанија, која има проблем со голем број на смртни случаи, кој моментално изнесува 2.311.

Тоа што во САД привлече внимание е случај на 12-годишно девојче која, поради тешката состојба како последица на коронавирусот, се наоѓа на респиратор.

Како пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на нејзин роднина, на Еми на 15 март и` била дијагностицирана пневмонија, а дека резултатите од тестот во петокот минатата недела покажале дека е позитивна на вирусот. Девојчето од саботата е на респиратор и моментално е во стабилна состојба, додал роднината.

САД во текот на минатата недела одлучија да ги затворат границите со Канада.


Германија прима пациенти од Италија

Германија е подготвена да прими на лекување шест пациенти од Италија заразени со коронавирус.

Членот на партијата на ЦДУ, Маријан Венд, го потврди ова за „Република“, а пациентите од најтешко погодениот регион во Италија, Ломбардија, ќе бидат примени во Саксонија.

Во Италија починаа 600 луѓе во последните 24 часа, со што бројот на починатите достигна 6.000.


Шпанската војска пронашла напуштени лица и мртви тела во старечки домови

Припадниците на шпанската војска пронашле напуштени постари лица и неколку тела во старечки домови погодени од епидемијата на новиот коронавирус, изјави шпанскиот министер за одбрана.

– Нема да имаме разбирање за вакво постапување со корисниците на овие домови – рече Маргарита Роблес за ТВ „Телецинцо“.

„Посетувајќи некои домови, војската можеше да види целосно напуштени стари лица, па дури и тела во кревети“, рече таа без да открива детали, пренесува „Хина“.

Државниот правобранител најави истрага за утврдување на тежината на делото.