Легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона официјално се извини за своето однесување за време на натпреварот од СП во Русија, меѓу Аргентина и Исланд.
– Видов момче од Азија во дрес на Аргентина и само го поздравив. Не беше тоа никаков расизам – објави Марадона на социјалните мрежи.
Тој за време на натпреварот испраќаше бакнежи и ги отпоздравуваше бројните обожаватели, но камерите го фатија и како ги емитира „косооките“, што многумина го сметаат за расистичка навреда.
ФИФА забранува и пушење на стадионите за време на СП, но тоа на Марадона не му пречеше да ужива во цигарата.
– И за тоа се извинувам, навистина првпат слушам дека не смее да се пуши на стадионите – изјави Марадона.