Филхармонија започна со емитување на дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на Јутјуб каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.
– Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија – велат од Филхармонија.
Серијата емитувања започна со концертот „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит.
Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на Јутјуб каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.