На претстојните избори, СДСМ и коалицијата што ја предводи ќе настапи со тандем носители – маж и жена во сите изборни единици, соопшти денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
– Во секоја изборна единица ќе има носителка жена на листата, односно ќе има двајца носители, ќе има по еден носител маж и една носителка жена на првите две места кои паралелно ќе го покриваат теренот – рече Заев.
Засега е извесно дека тој ќе биде носител во четвртата Изборна единица, а останатите носители ќе бидат познати утре по Конгресот на СДСМ.
Заев на заедничка прес-конференција со заменик-претседателка Радмила Шекеринска откри и дека и таа ќе биде носител на изборна единица.
Во однос на објавените прислушувани разговори, Заев порача да се истражи од каде потекнуваат „бомбите“ за пратеникот Антонијо Милошоски и рече дека сите материјали кои ги имале тие ги предале во СЈО.